Мисија и Визија

Мисија на училиштето

Мисија на училиштето

СОУ “Гошо Викентиев” – Кочани е училиште со 50-годишна традиција, кое што секогаш е отворено за нови идеи кои поттикнуваат индивидуалност и креативност, соработка и договор, развој на повисоки интелектуални способности и образование со кое ќе може да се одговари на животните предизвици.

Нашето училиштето е демократска мултикултурна заедница, во која ученикот секогаш е во центарот на вниманието. Нашата основна мисија е да му овозможиме на секој ученик да ги изрази и да ги развива своите способности и особини на личноста преку следење на задолжителна, изборна, додатна и дополнителна настава.

Визија на училиштето

Визија на училиштето

Се стремиме кон училиште кое е во чекор со сите општествени промени, каде што реформите во континуитет траат, а учениците имаат можност да ги задоволат своите различни образовни потреби. Преку взаемно почитување и соработка ги потикнуваме учениците да ги развиваат вештините, знаењата и ставовите, неопходни за самоактуелизација, како одговорни и образувани граѓани.

Сакаме училиште кое има активна улога во општеството во согласност со интересите на општеството. Со планираните активности, програми и проекти се стремиме кон квалитетни резултати да ги оствариме целите насочени кон ученикот и неговиот развој, при што големо внимание се посветува на учењето и поучувањето, одговорноста и самостојноста како на ученикот така и на професорот.

Mission og vision3

Нашето мото е:

Пријателство – Соработка – Креативност – Компетенција

Buy now