ОБРАЗОВНО РАНДЕВУ 12-13.04 2019, Кичево
На 12 и 13 април 2019 година,во средното училиште „Мирко Милески“ во Кичево се одржа традиционалното Образовно рандеву, организирано од Младинската асоцијација на средни стручни училишта на Македонија (МАССУМ).
Нашето училиште зеде учество преку својата Младинска организација „Авангарда“ и се натпреварувавме во следниве дисциплини: интервју за работа на македонски јазик, интервју за работа на англиски, јавно говорење, најдобар бенд, видео реклама, фотографија, филм, штанд, драмска претстава, поетска творба, постер и пинг-понг.
Во сите категории имавме забележителен настап, а се закитивме со следниве награди:
Најдобар пингпонгар – 2 место, Антонио Пецов 3е3, ментор Игор Голубов
Најдобар штанд – 2 место, ментор Елизабета Минова
Интерву за работа на македонски јазик – 3 место, Даниел Захариев 4м2, ментор Јасминка Крстова
Најдобра драмска претстава – 3 место за пиесата „Кафеана Европа“, ментор Катарина Петрова
Најдобар филм – 3 место за филмот „Паралелни светови“, ментор Павлина Атанасова
Од особено значење се искуството што учениците го стекнаа за време на подготовките и нивното неформално образование, за кои допрва ќе посведочиме низ нивниот развој и напредок.
На 12 и 13 април 2019 година,во средното училиште „Мирко Милески“ во Кичево се одржа традиционалното Образовно рандеву, организирано од Младинската асоцијација на средни стручни училишта на Македонија (МАССУМ).