За Нас

За Нас

За Нас

Училиштето е основано со одлука на Народниот одбор на Кочани од 5 декември 1959 година како Индустриско училиште со практична обука. До оформувањето на ниво на училиште, со паралелката се работело во подрумсата просторија на зградата на гимназијата. Се обучувале металостругари, металоглодачи, машинобравари и бравари.

Учебната 1963/63 година училиштето ја почнало во својата сопствена зграда, сегашното основно училиште „Малина Попиванова“. Во седумдесеттите години се отвора првата електротехничка струка, насока електротехничар енергетичар. Тогаш училиштето прераснува во прв Електромашински уличишен центар во источниот дел на Македонија, опфаќајќи ученици од Гевгелија до Делчево. Бројот на паралелките е повеќе од петнаесет.

Во осумдесеттите години на минатиот век, училиштето се зголемува на повеќе од триесет паралелки. Машинската струка е заокружена со сите потребни профили, кон електротехничката е додаден профилот електроинсталатер и монтер, воведена е графичката струка, како и профилот возачи во сообраќајната струка.

Паралелно со растот на квалификуван наставен кадар, решение за нова училишна зграда донесува Собрание на Општина Кочани. Новата училишна зграда, сегашната, е пуштена во употреба на 01.09.1985 година.

 

Соодветно на потребите на индустриските капацитети во деведесеттите години на минатиот век, „Руен“, „Хартија“, „Атом“, „Печатница“ и др., се отвораат профилите: хемиско-технолошка струка, ѕидаро-фасадери, нови профили на графичката струка.

Денес во училиштето се школуваат 1278 ученици во 38 паралелки, во три струки (сообраќајна, машинска и електротехничка), и 11 профили. Наставата ја изведуваат 67 професори организирани во 7 стручни активи.

На секој ученик му е овозможено покрај добивањето на ученичката диплома со завршувањето на училиштето да се здобие и со возачка дозвола.

Од основањето до денес училиштето е во пораст како по бројот на учениците, наставниците, така по стручните профили, современата наставна технологија, просторот и модерните наставни програми.

Особено со влегувањето во новиот милениум, следува понатамошно осовременување на наставата со докомплетирање и пренасочување кон нови профили од тригодишно и четиригодишно образование во електротехничката, машинската и сообраќајната струка. Последните отворени профили во четиригодишното образование се „техничар за компјутерско управување“ (машинска струка), „електротехничар за компјутерска техника и автоматика“ (електротехничка струка) и „техничар за транспорт и шпедиција“ (сообраќајна струка). Со моменталниот заокружен капацитет броиме 42 паралелки.

Училиштето поседува спортска сала со модерна инфраструктура, спортски терени, асфалтиран авто-полигон и еколошки уреден училиштен двор.

Паралелно со формалното образование, ги следиме потребите на младите за нивно факторизирање во општеството. Тие активности ги спроведуваме преку младинската организација „Авангарда“ и канцеларијата за кариерен развој.

Трите клучни белези на функционирање на училиштето се кадровската структура, современата кабинетска настава и развојната компонента. Тоа му дава имиџ на посакувано училиште за учење и работа во регионот. Училиштето гради партнерски односи со други училишта од земјава и странство, со фирми и други социјални партнери во државава. Мултидисциплинарниот развој на полето на автоматиката, роботиката и иновациите, како и забележителните успеси кои нашите уеници ги постигнуваат на натпревари од домашно и меѓународно ниво, ни даваат надеж дека СОУ „Гошо Викентиев“ допрва има што да покаже во периодот кој следува.

Училиштето располага со 20 специјализирани училници – кабинети за квалитетно изведување на теоретската настава, 5 работилници за потесната практична настава, 5 специјализирани кабинети за практична настава и автосервис. Имаме Европски стандард на корисна површина по ученик од 9,72 м2. Мошне функционални се ходниците, степениците, санитарните чворови и други помошни простории во училишната зграда. Осумте канцеларии се доволни за раководниот кадар, педагошката служба и администрацијата. Има и доволно магацински и складишен простор на училиштето.

Проектното работење во континуитет, е одлика на модерната настава во специјализирани училници, кабинети, применливата практика во сопствени работилници и тимското работење во истражувањето и унапредувањето на наставниот процес и програма.

Општи податоци за училиштето

Име на училиштето Средно општинско училиште „Гошо Викентиев“-Кочани
Адреса, општина, место Ул. „Теодосие Паунов“ бр:111. Кочани
Телефон 033-294-247
Фах 033-294-001
Е-маил [email protected]
WEB страна www.gosovikentiev.mk
Основано од Собрание на општина Кочани
Верификација- број на актот Решение бр. 07-5416/60 од 18.05.1963
Година на верификација 18.05.1963
Јазик на кој се изведува наставата Македонски јазик
Година на изградба 1985/86 година
Тип на градба Армирано -бетонска
Површена на објектот 5292 м2
Површина на училшниот двор 50 000 м2
Површина на спортски терени и игралишта 3400 м2
Училиштето работи во смена Да
Начин на загревање на училиштето Парно греење комбинирано дрва и масло за горење
Број на струки 3 (машинска, електротехничка и сообракајна)
Број на паралелки 38
Број на смени 2
Sou_goso_vikentiev (1)

Просторни услови за работа на училиштето

Вкупен број на училишни згради 1
Број на спортски терени 2 (спортска сала и отворени игралишта)
Број на катови Приземје и два спрата
Број на училници 30
Специјализирани училници 4
Број на работилници 5 (металостругарска, машинобраварска, автомеханичарска, машинска- 2 работилници, и две електро работилници и два електро кабинета)
Број на помошни простории 14 (просторија за наставници, канцеларија за директор, за психолог, педагог, за дефектолог, за секретар,за службите, младинска просторија, книжара, бифе, за прием на родители, за складирање учебници и за училишно радио)
Училишна библиотека Да
Начин на загревање на училиштето Парно греење комбинирано дрва и масло за горење

Нашето мото е:

Пријателство – Соработка – Креативност – Компетенција

Мисија на училиштето

Мисија на училиштето

СОУ “Гошо Викентиев” – Кочани е училиште со 50-годишна традиција, кое што секогаш е отворено за нови идеи кои поттикнуваат индивидуалност и креативност, соработка и договор, развој на повисоки интелектуални способности и образование со кое ќе може да се одговари на животните предизвици.

Нашето училиште е демократска мултикултурна заедница, во која ученикот секогаш е во центарот на вниманието. Нашата основна мисија е да му овозможиме на секој ученик да ги изрази и да ги развива своите способности и особини на личноста преку следење на задолжителна, изборна, додатна и дополнителна настава.

Визија на училиштето

Визија на училиштето

Се стремиме кон училиште кое е во чекор со сите општествени промени, каде што реформите во континуитет траат, а учениците имаат можност да ги задоволат своите различни образовни потреби. Преку взаемно почитување и соработка ги потикнуваме учениците да ги развиваат вештините, знаењата и ставовите, неопходни за самоактуелизација, како одговорни и образувани граѓани.

Сакаме училиште кое има активна улога во општеството во согласност со интересите на општеството. Со планираните активности, програми и проекти се стремиме кон квалитетни резултати да ги оствариме целите насочени кон ученикот и неговиот развој, при што големо внимание се посветува на учењето и поучувањето, одговорноста и самостојноста како на ученикот така и на професорот.

Mission og vision3
Buy now