Учи паметно, работи стручно!
Изберете го вистинскиот пат кон вашите соништа и
дозволете заедно да ги оствариме.
ОТВОРЕНИ ДЕНОВИ НА УЧИЛИШТЕТО
12 И 13 јуни 2024
Драги деветтоделенци повелете во просториите на нашето училиште. Нашите ученици – волонтери и наставниот кадар во училиштето се подготвени со задоволство да ве информираат за работењето на училиштето, наставните програми за стручно образование, можностите за дуално образование и стипендии, проекти и различни активности и услови за работа во училиштето. Ве очекувааме!
Струки
Машинска
Со развојот на индустријата, техниката и науката се зголемува бројот на запишани ученици на различни профили од машинската струка.
За тоа придонесуваат профилите: електроенергетика, машински техничар и техничар за производно машинство.
Електротехничка
Тоа е една од најатрактивните струки во нашето училиште, во која се застапени четири насоки:
компјутерска техника и автоматика, електроника и телекомуникации,
електроенергетика и електромеханичар.
Сообраќајна
Развојот на сообраќајната струка во училиштето започнува со формирањето на автошколата.
Таа овозможува обука на ученици што ќе стекнат знаења од оваа струка, а во исто време ќе
можат да добијат возачка дозвола.
За училиштето
СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани е училиште со повеќе од 50-годишно постоење, коешто секогаш е отворено за нови идеи кои поттикнуваат индивидуалност и креативност, соработка и договор, развој на повисоки интелектуални способности и образование со кое ќе може да се одговари на животните предизвици. Нашето училиште е демократска мултикултурна заедница, во која ученикот секогаш е во центарот на вниманието.
Визија
На училиштето
Се стремиме кон училиште кое е во чекор со сите општествени промени, каде што реформите во континуитет траат, а учениците имаат можност да ги задоволат своите различни образовни потреби. Преку заемно почитување и соработка ги поттикнуваме учениците да ги развиваат вештините, знаењата и ставовите неопходни за самоактуализација, како одговорни и образовани граѓани. Сакаме училиште кое има активна улога во општеството во согласност со интересите на општеството.
50
Простори за настава
67
Професори
38
Паралелки
Линкови
Ликнови кои ќе ви користат