Денес 26.02 во Мултикултурниот центар во Кочани, дел од учениците
и професорскиот тим од нашето училиште, присуствуваа на настанот
кој се одржа под наслов:
„Кон побезбедна и инклузивна заедница за децата преку
почитувањето на правото на детето“ во организација на Здружението
Двојна Надеж од Штип.
Целта на проектот е подигање на свеста и капацитетите на децата и
на креаторите на јавни политики за поголема инклузивност и
безбедност на децата во локалната заедница преку унапредување на
почитувањето на правата на децата во склад со националните,
европските и меѓународните обврски.