Нашето училиште СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани, на ден 19.04.2024, го одбележа патрониот празник. По повод 104-годишнината од раѓањето и 80-годишнината од смртта на Викентиев, Градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов, Претседателот на Советот на Општина Кочани, д-р Лазо Митев, и повеќе делегации положија свежо цвеќе пред бистата во училишниот двор.
По повод празникот на нашето училиште, присутните проследија кратка програма, а беа прогласени и најуспешните ученици.
Ученик на генерацијата 2020-2024 е Јован Филипов, кој воедно е и најуспешниот во електротехничката струка. Од машинската струка, за ученик на генерацијата е прогласен Александар Гоцевски, а од сообраќајната струка Дејан Иванов. Директорот на СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани, Владо Симеонов им врачи годишни признанија на професори со 10, 20, 30 и 40 години работен стаж.