Претставници од МВР – Кочани одржаа превентивно – едукативно предавање на учениците од прва и четвртта година од нашето училиште. Целта на едукацијата е: „Превентивно и едукативно да се влијае на свеста на учениците кои управуваат мотоцикли“ како ризична категорија на учесници во сообраќајот. Акцентот треба да биде на почитувањето на сообраќајните правила и прописи, носењето на заштитна опрема, како и последиците и казните од непочитување на правилата.