Денес, 4.11.2024 г. на покана од ЈОУ Библиотека ,,Искра” – Кочани, ученици од СОУ ,,Гошо Викентиев” со проф. Марија Соколова присуствуваа на отворањето на 18. Саем на книгата.
Отворањето започна со промоција на книгата ,,Се’ уште можам нешто да сторам” од Фросина Пармаковска, добитничка на Рациново признание за 2024 год. Авторката даде осврт на нејзиното творештво и културата на читањето, по што следуваше дискусија во која се вклучија и нашите ученици.