Брзиот развој на технологијата отвора многу можности, но и бара нови компетенции и вештини. Ние како стручно училиште сме секогаш спремни за иновации и се трудиме да бидеме во чекор со новите трендови на обновливите извори на енергија , пред се соларната енергија и им овозможиме квалитетно образование и усовршување на нашите ученици . За таа цел е формиран и нов тренинг центар каде учениците ќе имаат можност да се обучат за инсталација на соларни панели, испитување и снимање на разни електрични карактеристики.
Опремата за тренинг центарот е од компанијата Intebako doo која обезбеди 18 фотонапонски централи Canadian Solar, инвертор Huawei и пропратна опрема за нејзино поврзување и функционирање, и компанијата TAB MAK – TAB Batteries која обезбеди литиумска батерија од 5000Wh
и e-storage CLEVER (кутија за складирање на батерии).
Дополнителни бенефиции од целиот систем е и тоа што енергијата произведена од соларните панели ќе се користи за SMART осветлување на училишниот двор .Со проширување на целиот систем во иднина , ќе се постигне и поголемо искористување на соларната енергија за потребите на училиштето, со што ќе се овозможи и создавање и одржување на енергетска независност.
Прилогот го подготвија членовите на младинскиот клуб центар Авангарда.








